🎥 НАСКОРО АСФАЛТ НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Ѓорѓиевски се пофали дека за 3 месеци ги решиле проблемите кои ја кочеле изградбата
Жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат, вели Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе почне асфалтирање на булеварот Борис Трајковски.
„По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот Борис Трајковски и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани. Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од едната страна, а наскоро започнуваме со поставување на првиот слој асфалт. Ветивме и реализираме!“, објави градоначалникот синоќа на Фејсбук.
Тој нагласи дека жителите од овој дел на Скопје ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар каков што одамна заслужуваат.