ГОЛЕМА ЕРУПЦИЈА НА ЕТНА, ЦРВЕН АЛАРМ НА СИЦИЛИЈА Прекинат е авиосообраќајот кон островот

Густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

111

Високата вулканска активност на италијанската планина Етна денеска предизвика нарушувања во авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава, пепел и вжештени парчиња карпи.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри.






Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на блискиот аеродром во Катанија денеска се прекинати до 17 часот (15 часот по Гринич), соопшти операторот.

Воздушниот сообраќај е нарушен веќе неколку дена, во екот на туристичката сезона.

Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз.

Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.

Етна, која е висока повеќе од 3.300 метри, често еруптира и постојано се следи.

Поврзани содржини