📽️ МИТОВСКИ ОЧЕКУВА ПОЖАРОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДА БИДЕ СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА Гаснењето трае повеќе од 15 часа, вклучени се сите служби

Пожарот што вчера околу 11 часот избувна на депонијата за комунален отпад во непосредна близина на Крива Паланка е од поголем обем, а во неговото гаснење повеќе од 15 часа се вклучени сите расположливи служби, информира градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски.

85

До крајот на денот пожарот на депонијата во Крива Паланка може да биде ставен под контрола, вели градоначалникот на градот, Сашо Митовски.

– Искрено очекувам, бидејќи во функција се ставени сите служби, дека до крајот на денот ќе успееме да се справиме со овој сериозен предизвик – порача градоначалникот.






Тој информираше дека се работи за пожар од малку посериозен обем, што, како што вели, ја покренал потребата од гаснење со вода.

– Но потребна е и поголема количина земјен материјал – додава Митовски.

Пожарот што вчера околу 11 часот избувна на депонијата за комунален отпад во непосредна близина на Крива Паланка е од поголем обем, а во неговото гаснење повеќе од 15 часа се вклучени сите расположливи служби, информира градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски.

Митовски посочи дека во текот на ноќта во гаснењето активно учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, како и екипи од соседната општина Ранковце.

Тој апелираше до жителите на Крива Паланка и околните населени места за разбирање поради непријатната миризба и чадот што се чувствуваат во текот на денот.

Пожарот на депонијата продолжува да се гасне, а надлежните екипи работат на негово целосно локализирање.

Поврзани содржини