📽️ ОРБАН „МУВА НЕ ГО ЛАЗИ“ НА ОДМОР ВО ДРАГАЧЕВО Ем се слика, ем јаде ќебапи

Изворот за српската агенција РИНА изјавил дека доскорешниот премиер на Унгаријан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиите. Тој е гостин на трубачкиот собир во Гуча во Драгачево.

1,453

„Не можевме да им веруваме на нашите очи. Дојде како обичен гостин, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во Гуча“.

Вака пишува српски Блиц за летувањето на доскорешниот унгарски премиер Виктор Орбан во Драгачево во Србија. Блиц се повикува на изјава на очевидец дадена за агенцијата РИНА.






Изворот за РИНА изјавил дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиите. Тој е гостин на трубачкиот собир во Гуча.

Претходно медиумите од Балканот известија дека при неговото доаѓање во Гуча, Орбан седел во дворот на хотелот „Нордик“, нарачал пиво и пробал ајдучки ќебап и свадбарска зелка, кои се познати српски специјалитети.

 

Поврзани содржини