ПОКРАЈ ЈАВНИОТ, НАМАЛЕН И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Нивото на долгот е едно од најниските во подолг временски период

26

Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг, изјави денеска Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец. Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира – рече Попов.






Според него, ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните.

– Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%. Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики – додаде Попов.

Поврзани содржини