СВЕТСКАТА ЦЕНА НА ШЕЌЕРОТ ЗАБЕЛЕЖА НОВ СКОК Житарките, месото и млекото поевтини од претходниот месец

Вредноста на индексот на цените на храната на ФАО е повисока за 5,9% во споредба со октомври 2025 година, но пониска за 16,4 % во споредба со рекордните вредности забележани во март 2022 година.

1

Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 133,9 поени во октомври, што претставува пад од 1,2% споредено со септември. Индексот на цените на житарките падна во октомври за 4,5% на 116,8 поени, што е за 12,6% пониско отколку во октомври 2025 година.






Цените на пченицата паднаа по четири последователни месеци добивки поради послабата меѓународна побарувачка, подобрите перспективи за производство во Аргентина и очекувањата за поголем извоз од регионот на Црното Море, како и цените на пченката, јачменот и сиракот.

Индексот на цените на месото се намали за 1,2% на 125,5 поени, бидејќи свинското, овчото и говедското месо поевтинија, додека цените на живинското месо останаа стабилни.

-Цените на свинското месо паднаа првенствено во Европската Унија поради изобилството на понуда и ограничените можности за извоз, додека говедското месо забележа мал пад поради пониските котации во Австралија и зајакнувањето на глобалната конкуренција – појаснуваат од ФАО.

Индексот на цените на млечните производи падна за 1,1% во споредба со септември, на 117,8 поени, што е за 16,9% пониско отколку во октомври минатата година.

Месечниот пад беше поттикнат од намалувањето на цените на путерот и сирењето поради високите залихи и послабиот интерес за купување во Европската Унија и САД, што целосно го неутрализираше забележливото зголемување на цените на обезмастеното млеко во прав.

Спротивно на тоа, вредноста на индексот на цените на шеќерот се зголеми четврти месец по ред, скокнувајќи за 6,6% на 121,3 поени, највисоко ниво од декември 2024 година и дури 28,8% повисоко од пред една година.

Остриот скок на цените беше предизвикан од дождовите што го попречија бербата и преработката на шеќерна трска во клучен бразилски регион, со загриженост за производството во Индија по послабите монсунски дождови и пониските приноси во Европската Унија и Тајланд.

Индексот на цените на растителното масло забележа мало зголемување од 0,3% на 199,2 поени, главно поради повисоките цени на соиното масло, кои достигнаа највисоко ниво од крајот на 2022 година поради побарувачката во секторот за биогорива.

Вредноста на индексот на цените на храната на ФАО е повисока за 5,9% во споредба со октомври 2025 година, но пониска за 16,4 % во споредба со рекордните вредности забележани во март 2022 година.

Поврзани содржини