КРВАВ ДЕН ВО РУСИЈА И ВО УКРАИНА Најмалку 10 загинати во нов бран напади со дронови

Во новата размена на напади со беспилотни летала, загинаа најмалку 10 лица. Нападнати беа цивилни возила, автобус и железничка станица, а десетици лица се повредени.

65

Најмалку 10 лица загинаа во новата размена на руски и украински напади со беспилотни летала. Според официјалните информации, две жртви се регистрирани во Русија, а осум во Украина.

Руските власти соопштија дека во Брјанската област двајца цивили загинале, а уште шестмина биле повредени во украински напади со дронови. Нападнати биле цивилни возила во Суземскиот и Погарскиот реон, како и градот Новозибков, каде што биле оштетени неколку автомобили и бензинска пумпа.






Во Украина, руските сили со беспилотни летала нападнале меѓуградски автобус во Херсон. Во нападот се повредени пет лица, меѓу кои и едно малолетно лице, а уште две лица биле ранети во одделни напади врз градот.

Во Харковската област, две лица загинале, а осум се повредени при напад со дронови врз железничката станица во Лозова. Украинските железници соопштија дека се оштетени станицата, контактната мрежа и неколку железнички вагони.

Три лица го загубиле животот, а уште тројца се повредени во напад врз општината Вишневе во Днепропетровската област. Според локалните власти, по ударот избувнале пожари во магацини на логистички компании и во продавница.

Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека бројот на загинати во претходниот руски напад врз Павлоград се зголемил на три, додека седум лица се повредени.

Поврзани содржини