ФИДАН ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЕКСПАНЗИОНИЗМОТ НА ИЗРАЕЛ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГЛОБАЛНА КРИЗА Светот не треба да го одвлекува вниманието од Газа

Не треба да се одвлекува вниманието на меѓународната заедница од Појасот Газа и покрај глобалните кризи и тензии во Персискиот Залив, бидејќи од тоа корист има само Израел и неговите политики во Појасот Газа, Источен Ерусалим и во Западен Брег, вели шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

86

Меѓународната заедница не треба да го одвлекува вниманието од Појасот Газа поради тензиите во Персискиот Залив, предупреди шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

– Доколку не се преземат дипломатски мерки против експанзионистичката политика на Израел, кризата што ја предизвика од регионална ќе стане глобална – порача Фидан во вторникот на состанок на министрите за надворешни работи и дипломатите од Блискиот Исток во Јордан.






Состанокот беше посветен на израелските акции на палестинските територии и обидите за промена на демографската структура на одредени области со протерување на Палестинците.

Според него, не треба да се одвлекува вниманието на меѓународната заедница од Појасот Газа и покрај глобалните кризи и тензии во Персискиот Залив, бидејќи од тоа корист има само Израел и неговите политики во Појасот Газа, Источен Ерусалим и во Западен Брег.

Фидан истакна дека меѓународната заедница мора да нотира дека Израел и покрај договорот за Појасот Газа, „продолжува да убива палестински деца, да бомбардира болници“.

На средбата во Јордан учествуваа и претставници на Египет, Пакистан, Саудиска Арабија, Катар, Индонезија, Бахреин, Ирак, Мароко, Тунис, Алжир, Сомалија и од Малезија, како и генералниот секретар на Арапската лига. Главна тема на настанот беа акциите на Израел во Источен Ерусалим и во Западниот Брег, вклучувајќи го и прашањето за статусот на џамијата Ал-Акса и обидите на израелските власти да го променат.

Поврзани содржини