УКРАДЕНИ ПАРИ ОД ПРОМЕТОТ НА ЈКП „САРАЈ“ Провалена канцеларијата на директорот, која е во општинската зграда
Украдени се пари од прометот на Jавното комунално претпријатие „Сарај“. Кражбата ја пријавил директорот.
„На 4.8.2026 година во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41), директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на 31.7.2026 до 6:40 часот на 4.8.2026, во неговата канцеларија, која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата и фиока од негово работно биро, при што се украдени пари од прометот на ЈКП Сарај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.