15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВОЗЕЛО КАМИОН, ТАТКО МУ СЕДЕЛ ДО НЕГО Детето е уапсено, ќе добие кривична пријава

Настанот се случил во Скопје, среде ноќ.

2

Полицијата уапси 15-годишно дете, затоа што возело камион без возачка дозвола. Настанот се случил во Скопје, среде ноќ. Во камионот бил и таткото на детето.

„На 5.8.2026 во 2:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на улицата Горно Лисиче полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.

 






Поврзани содржини