🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МЕКСИКАНСКИ ИНФЛУЕНСЕР УБИЕН ПРИ ПРЕНОС ВО ЖИВО Сезар Гастелум беше застрелан во главата

Гастелум имаше речиси 600.000 следбеници на ТикТок и беше познат по своите комични видеа.  Додека го емитуваше своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, со мотоцикл му се приближија две лица со кациги, а возачот го застрела.

212

Мексиканскиот инфлуенсер Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека пренесуваше во живо настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата.

Гастелум имаше речиси 600.000 следбеници на ТикТок и беше познат по своите комични видеа.  Додека го емитуваше своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, со мотоцикл му се приближија две лица со кациги, а возачот го застрела со пиштол во главата.






Убиството на инфлуенсерот се случи во екот на постојан пораст на насилството во Кулијакан, главниот град на Синалоа, кој е во центарот на конфликт меѓу сопернички фракции на организиран криминал кои се борат за контрола на областа.

Пукањето потсети на убиството од мај 2025 година на мексиканската инфлуенсерка Валерија Маркез (23), која беше убиена за време на пренос во живо на ТикТок, во салонот каде што работеше, во Запопан, во западната држава Халиско.

Поврзани содржини