456 ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД ГРАД СКОПЈЕ Парите ќе се исплатат во следните два дена

68

Во наредните два дена 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош од Град Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

„Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки. Вкупно 1.200 пациенти побараа помош. Нивната документација се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицираа ќе биде завршена во текот на наредната недела.
Ова е, почитувани мои, јасна порака дека никој не е сам“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

 






Поврзани содржини