ИДЕЛ ДУНАВ ИЛИ НЕ, МАКЕДОНИЈА СИ ИМА СВОЈА СТРУЈА Ова лето се виде што значи да си енергетски независен

Во ситуација кога 96,5% од потрошувачката на струја се покрива со домашно производство, Македонија не е погодена од кризата на производството на електрична енергија во регионот, што ја предизвика нискиот водостој на најголемата река во Европа. Хидролошката ситуација кај нас е одличана и гарантира стабилно снабдување со струја во наредниот период.

200

Кризата на производство на електрична енергија што ја предизвика нискиот водостој на Дунав нема да ја засегне Македонија, велат за Плусинфо енергетски експерти. Македонија добро менаџира со своите ресурси, хидролошката ситуација е релативно поволна, а соларните и ветерните централи значително ја подобруваат енергетската слика.

Според последните достапни податоци на Државниот завод за статистика, во мај дури 96,5 % од домашното производство на електрична енергија биле обезбедени од домашно производство. Вкупната бруто-произведена електрична енергија во месец мај достигнала 462.653 мегаватчсови: од термоцентралите 146.647, од комбинирани централи и индустриски енергани 144, од хидроцентрали 138.015, од соларни електрични централи 43.419, од ветерни електрични електрани 31.435 и од биогасни централи 2.993 мегаватчасови.






ЕСМ, пак, пред десетина дена објави дека производството на хидроцентралите е зголемено за 76% во однос на истиот период лани, додека производството на ветерните електрани бележи пораст од 10%. Истовремено, исполнетоста на акумулациите во моментов достигнува 70%.

„Во моментов, хидропотенцијалот на ЕСМ е на стабилно ниво, со вкупна исполнетост на акумулациите од 70%. Тоа ни овозможува целосно да одговориме на актуелните потреби на универзалниот снабдувач во рамките на планираното производство. Дополнително, нашите хидроелектрани имаат и значајна улога во одржувањето на стабилноста на целиот електроенергетски систем, со тоа што на дневно ниво редовно испорачуваат неопходни системски услуги за потребите на АД МЕПСО“, велат од ЕСМ.

– Македонија е блиску до остварување на целта да биде целосно енергетски независна, односно да обезбеди задоволување на конзумот од домашно производство, со постојано зголемување на уделот на т.н. чиста енергија. Кога не би било така, ние во криза како оваа што ја предизвика нискиот водостој на Дунав, би се нашле во тешка ситуација. Тешко им е на Унгарците, каде што нуклеарката е пред гасење. Исто е и во Романија. Проблеми има и Србија. Бугарската нуклеарка „Козлодуј“ засега не планира да запре, но и Бугарите стравуваат од нискиот водостој на најголемата река во Европа. Кога сега ние би морале да купуваме струја, прашање е на чија врата би тропнале. Значаен е и податокот дека домашната потрошувачка во мај годинава пораснала само за 4,8% во споредба со истиот период лани. Тоа значи дека притисокот за снабдување со струја не е страшен, иако сега, летниве месеци, е зголемен – вели за Плусинфо експертот за енетргетика.

Истовремено, во Македонија се рализираат нови инвестиции во енергетскиот сектор. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој ќе достигне инсталиран капацитет од 50 мегавати. Започнуваат активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, а во напредна фаза се подготовките за Битола 2 и Битола 3. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, а започнуваат подготовките за реализација на гасниот интерконектор со Србија.

Поврзани содржини