ГОСТИВАР СЕ СТАБИЛИЗИРА Бројот на прегледи паѓа, многу помалку од јулскиот пик

И покрај зголемувањето во однос на претходниот ден, бројот на пациенти е значително понизок од 18 јули, кога беа регистрирани 649 прегледи.

34

Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство.

Според податоците од Министерството, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 84 први прегледи, што претставува зголемување за 27 случаи во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 57 прегледи.






И покрај дневниот пораст, од Министерството посочуваат дека бројот на прегледи е значително понизок во споредба со периодот кога беше достигнат највисокиот број на пациенти.

На 18 јули биле регистрирани вкупно 649 први прегледи, што беше најголемиот дневен број во текот на епидемиолошката состојба во Гостивар.

Надлежните здравствени институции продолжуваат со следење на состојбата и преземање мерки согласно епидемиолошките проценки.

Поврзани содржини