📽️ СВЕТСКИОТ ДИЏЕЈ СО ГОЛЕМ ГЕСТ КОН МАКЕДОНИЈА Стив Аоки ни ја честиташе независноста од Битола

Светски познатиот диџеј Стив Аоки настапи на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде со македонското знаме во рацете го поздрави празникот и ја воодушеви публиката.

0

Еден од најпознатите и најенергичните диџеи во светот, Стив Аоки, приреди вистински спектакл на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде настапи во рамки на прославата по повод 35 години независност на Македонија и чествувањето на Илинден.

Пред бројната публика, светски познатиот диџеј во еден момент го развиори македонското знаме, испраќајќи порака со која го поздрави празникот и предизвика огромни овации кај присутните.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Битолскиот стадион беше исполнет со музика, енергија и спектакуларна атмосфера, а настапот на Аоки беше еден од најочекуваните моменти на вечерта.

На големата прослава настапија и македонските музички имиња CYRILLIC, TASEV, MONARCH и FACE, кои ја загреаја атмосферата пред настапот на светската ѕвезда.

Настапот на Стив Аоки во Битола беше дел од празничната програма со која Македонија ја одбележува својата независност, а моментот со македонското знаме веднаш започна да се споделува на социјалните мрежи.

Поврзани содржини