„ЛЕТАЛ“ СО СТОТКА НАД ДОЗВОЛЕНОТО Косовец фатен со 220 км/ч на автопатот А1, следува кривична

Полицијата го запрела возачот на автопатот А1 кај паркингот „Милетково“ откако со радарска контрола било утврдено дека се движел со 220 километри на час.

0

Косовски државјанин е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил со брзина од 220 километри на час на автопатот А1.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (3 август 2026 година) во 08:41 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле Ш.З. (36) на паркингот „Милетково“.






При извршена сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час.

Возачот се движел на делница каде максимално дозволената брзина е 120 километри на час, односно возел 100 километри на час над дозволената граница.

Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини