НОВА ЕРА СО БЕКО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ Напредни технологии, врвен квалитет и 5 години гаранција

Без разлика дали уживате во филмски вечери, спортски преноси или гејминг, новата Charlie-4 серија е создадена за секое гледање да го направи уште поквалитетно и побогато со содржини.

37

Новата Charlie-4 QLED серија носи врвен квалитет на слика, Google TV искуство и продолжена гаранција до 5 години.

Beko ја претставува новата Charlie-4 QLED серија телевизори, која ги обединува напредните технологии, врвниот квалитет на слика и интуитивното Smart TV искуство, овозможувајќи им на корисниците целосно нов начин на уживање во омилените содржини.






Новата серија е достапна во дијагонали од 50″, 55″, 65″ и 75″, а благодарение на QLED технологијата, Google TV платформата, како и поддршката за Dolby Vision, Dolby Atmos и HDR10+, нуди импресивен приказ на слика и звук, со едноставен пристап до омилените филмови, серии и апликации.

Без разлика дали уживате во филмски вечери, спортски преноси или гејминг, новата Charlie-4 серија е создадена за секое гледање да го направи уште поквалитетно и побогато со содржини.

По повод претставувањето на новата Charlie-4 QLED серија, Beko подготви и посебна поволност за своите купувачи – кампањата 2+3 години гаранција за Beko телевизори, која трае од 1 август до 31 декември 2026 година.

Купувачите кои во наведениот период ќе купат Beko телевизор можат да остварат вкупно 5 години гаранција, со регистрација на уредот преку платформата register.beko.com/mk-mk во рок од 90 дена од датумот на купување, а најдоцна до 31 јануари 2027 година.

Beko нуди нова технологија, врвен квалитет и дополнителна сигурност.

Зачекорете во новата ера со Beko телевизорите и откријте како врвната технологија може да го унапреди секој момент поминат пред екранот.

Поврзани содржини