Одморот на премиерот Христијан Мицкоски летово ќе биде искористен за семејно патување во Белгија.
По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот беше прашан и дали летово ќе одмара и каде.
Тој откри дека нема да има класичен одмор.
– Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел – рече Мицкоски.