ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЈУНИ ПОРАСНА ЗА 6,5% Преработувачката индустрија го носи растот

Производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 8,2%. 

30

Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Растот, според податоците, го обезбедила преработувачката индустрија која за една година обезбедила раст од 7,9%.






Спротивно, производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни на годишно ниво бележи опаѓање од 3,8%, додека, пак, секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 8,2%.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите: „производство на други неметални минерални производи“ со раст од 35,6%, „производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 15,9% и  „производство на електрична опрема“ со раст од 3,8 %

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,7%, Капитални производи за 8,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,0%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11,1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 100.9.

Индекси на индустриското производствојуни 2026 (2025=100)
VI 2026
VI 2025
I-VI 2026
I-VI 2025
VI 2026
Ø 2025
VI 2026
Ø 2021
Вкупно 106.5 100.9 107.0 105.5
АЕ Енергија 88.9 96.3 65.8 59.3
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 111.7 105.4 113.9 110.7
ББ Капитални производи 108.6 102.1 111.1 124.3
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 108.6 96.8 109.5 121.5
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 102.0 97.1 106.3 101.4
Б Рударство и вадење на камен 96.2 97.1 98.6 90.7
      05 Вадење на јаглен и лигнит 70.2 81.4 71.0 51.1
      07 Вадење на руди на метал 101.9 95.6 95.4 87.2
      08 Вадење на други руди и камен 98.5 105.0 112.3 110.7
В Преработувачка индустрија 107.9 101.4 110.9 111.3
      10 Производство на прехранбени производи 98.5 101.6 97.3 91.9
      11 Производство на пијалаци 111.7 109.5 113.7 120.1
      12 Производство на тутунски производи 111.8 121.6 210.2 124.5
      13 Производство на текстил 95.0 93.6 98.9 102.9
      14 Производство на облека 91.8 86.1 90.0 66.9
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 113.2 92.6 108.2 90.1
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
179.1 118.5 131.0 172.3
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
89.2 100.3 92.2 77.5
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
94.6 85.2 91.8 90.1
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
106.9 95.3 103.6 102.0
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
97.3 90.9 98.8 135.1
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
94.8 103.2 89.4 141.7
      23 Производство на други неметални
минерални производи
135.6 132.8 173.0 204.5
      24 Производство на метали 111.4 92.7 108.3 62.7
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
110.7 100.8 108.5 52.5
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
135.4 131.5 123.2 78.9
      27 Производство на електрична опрема 103.8 99.1 106.2 123.3
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
89.9 93.4 100.9 100.1
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
115.9 103.5 117.2 145.6
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
109.3 97.8 112.6 130.0
      31 Производство на мебел 119.5 105.4 119.9 140.5
      32 Останата производствена индустрија 169.0 80.3 110.6 73.5
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 93.0 104.5 90.1 167.6
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
91.8 98.6 64.9 61.1
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
91.8 98.6 64.9 61.1

 

Поврзани содржини