ФЕТАИ Е ЧОВЕК СО ИСКУСТВО И МРЕЖА ОД КОНТАКТИ КОИ НИ СЕ ПОТРЕБНИ Муцунски за назначувањето на специјален пратеник во ЕУ

Ако немаше двојно државјанство, Арбен Фетаи веројатно ќе беше идеален кандидат за наш амбасадор во ЕУ – рече шефот на дипломатијата во гостување на Канал 5.

94

Според членот на Владата и шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник во ЕУ е легитимно прашање и јавноста заслужува одговори за тоа зошто екс-вицепремиерот е сега именуван за оваа функција.

– Сакам отворено да зборувме прво кој е Арбен Фетаи. Тој е личност кој своето обрзовние го стекнал во Белгија, ги познава сите официјални јазици на Белгија. Арбен Фетаи не само што ги познава сите официјални јазици на Белгија, туку работел и бил ангажиран од различни и владини и невладини организации токму во Брисел. Има мрежа на контакти кои може да служаат во интерес на државата. Објективно гледано, Арбен Фетаи има двојно државјанство – македонско и белгиско. Ако немаше двојно, веројатно ќе беше идеален кандидат за наш амбасадор во ЕУ. За мене беше и одличен соработник во Владата. Лесно е да се критикува, но добро е да зборуваме и за фактите. Нас ни треба човек таму заради динамиката на активностите. Ќе ѝ служи на државата во овој специфичен период. Тој во својата биографија го исполнува профилот на личноста што ни треба таму – изјави Муцунски во гостување на Канал 5.






Според Муцунски, тврдењата дека Фетаи не доаѓал на работа се паушални и не се врз основа на точни информации.

Поврзани содржини