ГОРИ ВО ДОЛНЕНСКО, КАВАДАРЕЧКО, КИЧЕВСКО И ГОСТИВАРСКО Евидентирани вкупно пет пожари

Од нив два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. 

327

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите од ЦУК, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева.






Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај селото Долна Бошава, каде гори ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожара и тоа во општина Желино, кај селото Дебарце, каде била зафатена ниска вегетација, како и во општина Гостивар, кај селото Горна Бањица, во кругот на фабриката САЕМ, каде гореле сува трева и дрвени отпадоци.

Поврзани содржини