„ПЕРСЕПОЛИС“ НА МАРЏАН САТРАПИ ОБЈАВЕН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Графичкиот роман ги урива границите меѓу литературата и ликовната уметност

Суров, продорен и искрен, често потресен, но проткаен со непосреден хумор и тешко стекната мудрост – „Персеполис“ е извонредно дело на една од најценетите графички авторки во историјата, којашто е уникатна и по својот ликовен и по својот пишан израз.

131

Графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, е објавен на македонски јазик, во превод на Владо Ефтимов, во издание на издавачката куќа Антолог.

„Персеполис“ на Сатрапи, која почина на 4 јуни оваа година (родена 1969), е еден од најпродаваните и меѓународно најуспешни мемоари во форма на стрип и претставува скапоцено сведоштво за животот во Иран од крајот на седумдесеттите до средината на деведесеттите години од XX век. Ова е хроника на детство и младост кои во исто време се бунтовни и блиски, живот испреплетен со историјата на својата земја, а сепак исполнет со универзалните искушенија и радости на растењето.






Суров, продорен и искрен, често потресен, но проткаен со непосреден хумор и тешко стекната мудрост – „Персеполис“ е извонредно дело на една од најценетите графички авторки во историјата, којашто е уникатна и по својот ликовен и по својот пишан израз.

Според првите два дела од книгата во 2007 г. е направен и долгоматражен анимиран филм како заедничка креација на Сатрапи и францускиот автор на стрипови и филмови Венсан Пароно a.k.a. Виншлус. Филмот премиерно е прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што ја освоил Наградата на жирито. Подоцна е номиниран и за Оскар во категоријата најдобар анимиран долгометражен филм, како прва жена номинирана во таа категорија.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура” и на Министерствата за култура на РС Македонија. Изданието е достапно во книжарниците и преку дистрибутивната мрежа на издавачот.

Поврзани содржини