МАНЧИНИ СЕ ВРАТИ И ПОБАРА ПРОШКА ОД НАВИВАЧИТЕ Вети дека ќе ја исправи најголемата грешка во кариерата
Роберто Манчини порача дека жали за разделбата со Италија пред три години и најави дека ќе се обиде повторно да ја освои довербата на навивачите со добри игри и резултати.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, го коментираше своето враќање на клупата на „аѕурите“, истакнувајќи дека добил шанса да ја исправи грешката од пред три години.
Шеесет и едногодишниот стратег претходно ја предводеше Италија од 2018 до 2023 година. Под негово водство, „аѕурите“ ја освоија европската титула на Европското првенство во 2020 година (одиграно во 2021 година), а двапати го освоија третото место во Лигата на нации.
– Пред три години се појави недоразбирање меѓу Гравина и мене. Искрено ми е жал за тоа. Дресот на репрезентацијата отсекогаш ми значел многу. Тоа е како да си заљубен и да ја изгубиш жената што ја сакаш. Сега, благодарение на Малаго, судбината ми даде можност да ја исправам таа грешка. Најдобриот начин навивачите повторно да ме прифатат е да создадеме тим што ќе игра добар фудбал – изјави Манчини на прес-конференцијата.
Манчини го наследи Џенаро Гатузо на селекторската функција, откако Гатузо поднесе оставка по неуспехот Италија да обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година.