🎥 ЕМОТИВНА ВЕЧЕР ВО ВЕЛА ЛУКА ОСУМ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ Сопругата и наследниците на легендарниот пејач во првите редови на концертот

Повеќе од 30.000 луѓе се собраа во Вела Лука на традиционалниот концерт во чест на Оливер Драгојевиќ, а неговото семејство, сопругата, синовите, снаите и внуците, емотивно ги следеа изведбите на неговите најголеми хитови.

15

Повеќе од 30.000 луѓе се собраа во Вела Лука на традиционалниот концерт „Траг во бескрајот“, посветен на незаборавниот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ. Меѓу илјадниците посетители посебно внимание привлекуваше неговото семејство, кое од првите редови ја следеше музичката вечер исполнета со емоции и спомени.

Во публиката беа сопругата на Оливер, Весна Драгојевиќ, нивните синови, снаите и внуците. Тие со внимание ги слушаа изведбите на неговите најголеми хитови, кои ги пееја негови пријатели и колеги, додека публиката речиси секоја песна ја пееше во еден глас.






Концертот не беше единствениот настан на кој се собра најтесниот круг на семејството. Претходно истиот ден тие присуствуваа на помен-служба во црквата „Свети Јосиф“ во Вела Лука, каде што бројни пријатели, соседи и обожаватели се потсетија на музичарот чии песни и осум години по неговата смрт продолжуваат да живеат.

Најблиските на Оливер присуствуваа и на промоцијата на монографијата „Oliver – Sve nježne riječi svijeta“, чиј автор е Зоран Цуриќ.

Оливер Драгојевиќ и неговата сопруга Весна беа во брак повеќе од четири децении и имаат тројца синови – Дино и близнаците Дамир и Давор. За време на животот, легендарниот пејач често нагласуваше дека семејството му е најголемата вредност и настојуваше да го држи подалеку од медиумите.

Денес неговото семејство е уште поголемо. Оливер има седум внуци. Пет се родени додека тој беше жив, а уште две внучиња дошле на свет по неговата смрт во 2018 година. Во последните години тие често се појавуваат заедно со баба им Весна на настаните посветени на нивниот славен дедо.

И годинава Вела Лука уште еднаш покажа дека споменот на Оливер Драгојевиќ не бледее, а неговите песни продолжуваат да обединуваат генерации и да предизвикуваат силни емоции кај публиката.

Поврзани содржини