ИМ ВЕТИЛА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА СТРАНСТВО Охриѓанка измамила брачен пар, ќе одговара кривично
Со ветување дека ќе им обезбеди работни визи за странска држава, 41-годишна охриѓанка довела во заблуда брачен пар, соопшти полицијата.
Охриѓанка заработи кривична пријава под сомнение дека измамила брачен пар, ветувајќи им дека ќе им обезбеди работни визи за странска држава.
Од СВР Тетово соопштија дека против С.Ѓ. (41) од Охрид е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според информациите од полицијата, таа на сопружниците им ветила дека ќе посредува при обезбедување работна виза за странство, при што ги довела во заблуда.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки во врска со случајот.