СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 40 МИНУТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Најголеми гужви утрово на ГП „Богородица“

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

78

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини утрово е зголемен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Најголема фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути.






На останатите гранични премини од македонска страна, според информациите на АМСМ, засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено поради зголемениот број возила во екот на летната сезона.

Поврзани содржини