🎥 ЕКСПЛОЗИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЈАПОНИЈА Исчезнати се 19 луѓе по потресот од 7,1 степени

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од силниот потрес во Јапонија и од моментот на голема експлозија во трговскиот центар.

178

Деветнаесет лица се водат како исчезнати во фабрика за хартија и во трговски центар, по силниот земјотрес со интензитет од 7,1 степени во префектурата Кумамото, Јапонија.

Официјално лице од Одделот за управување со катастрофи во префектурата Кумамото за Би-Би-Си изјави дека во фабриката во Јацуширо две лица биле пронајдени во состојба на срцев застој, а 9 лица се водат како исчезнати.






Четири лица се спасени од трговскиот центар „Aeon Mall“ и нивните животи не се во опасност. Како исчезнати во трговскиот центар се водат 10 лица.

Префектурата исто така ги проверува извештаите за истекување на гас, додава официјалното лице.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од силниот потрес во Јапонија и од моментот на голема експлозија во трговскиот центар.

Поврзани содржини