ГИ НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА И 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА Приведен 51-годишник од Неготино за семејно насилство

Полицијата го приведе 51-годишниот жител на Неготино по пријава дека физички ја нападнал поранешната сопруга, а потоа и нивната 19-годишна ќерка, на која ѝ упатувал закани.

161

Педесет и едногодишен жител на Неготино е лишен од слобода откако, според пријавата, физички ја нападнал својата поранешна сопруга, а потоа и нивната 19-годишна ќерка, на која ѝ упатувал и закани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 јули 2026 година, околу 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ. (51) од Неготино.






Апсењето следувало по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга, која пријавила дека тој физички ја нападнал на улицата Маршал Тито во Неготино.

Според пријавеното, по нападот врз поранешната сопруга, мажот пред својот дом физички ја нападнал и нивната 19-годишна ќерка, при што ѝ упатувал закани.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини