ВАНДАЛИЗИРАНА СТАТУАТА НА БОГОРОДИЦА ВО МЕЃУГОРЈЕ Запален и олтарот на црквата
Лицето и рацете на Богородица се обоени со црна боја, а на пиедесталот е напишано „Ѓавол во здолниште“.
Непознат сторител ја осквернил статуата на Богородица во Подбрдо и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје, еден од најпознатите католички центри за поклонение во светот, јавија медиуми во БиХ.
Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвската жупанија објави дека во 4 часот и 30 минути го примило првиот извештај за оштетување на статуата на Богородица, а во пет часот примиле пријава за пожар на надворешниот дел на олтарот на црквата Св. Јаков.
Лицето и рацете на Богородица се обоени со црна боја, а на пиедесталот е напишано „Ѓавол во здолниште“.