ЗА СДСМ, ЛЕВИЦА И ЗА ДУИ НАЈВАЖНО Е ДА СОЗДАДАТ ПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТ Бараат алиби за пораз на следните избори

Дополнително, се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда – рече Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

28

СДСМ, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт – рече на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме сѐ што побараа, а тие барања за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ – рече Манасиевски.






Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ, Левица и за ДУИ поважно е да произведат политички конфликт, отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата.

– Создаваат алиби за поразот на следните избори, а дополнително и се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, без разлика на обидите на СДСМ, Левица и ДУИ секој процес да го претворат во политичка пресметка – рече Манасиевски.

Поврзани содржини