🎥 ФРАНЦУЗИТЕ БУКВАЛНО СЕ ТЕПААТ ЗА КЛИМА УРЕДИ Горештините ги тенчат нервите
Во градот Шамбре-ле-Тур во централна Франција, купувачите беа снимени како се туркаат и фаќаат клима уреди и вентилатори додека продавниците се отвораа.
Продолжениот топлотен бран во Франција предизвика хаотични сцени во продавниците низ целата земја, при што купувачите се тркаат по клима уреди со попуст, што во некои случаи се претвори во тепачки и повреди, јавува агенцијата Анадолија.
Најдраматичниот настан се случи во четврток на отворањето на новата продавница со попусти „Акшн“ во деловниот кварт „Ла Дефенз“ во Париз. Стотици клиенти се собраа пред вратите дури и пред отворањето, надевајќи се дека ќе купат клима уред „Кинзо“ по цена од 179 евра.
Според извештаите на локалните медиуми и видеата објавени на социјалните мрежи, некои купувачи насилно влегле во продавницата штом се отвориле вратите и се упатиле кон делот за климатизација. Во турканицата што следела, неколку лица биле повредени додека други купувачи ги туркале или удирале во тепачка за апаратите.
Слични сцени се забележани и во други делови од Франција. Во градот Шамбре-ле-Тур во централна Франција, купувачите беа снимени како се туркаат и фаќаат клима уреди и вентилатори додека продавниците се отвораа. Слични инциденти беа пријавени и од Конкарно во Бретања и Анже на западот од земјата.
Трката за опрема за ладење доаѓа во време кога Франција се справува со екстремен топлотен бран, со температури во некои региони кои надминуваат 40 степени Целзиусови, ставајќи ги болниците и службите за итни случаи под огромен притисок.
🇫🇷 French shoppers clashed over air conditioners as a deadly heatwave swept across the country, with emergency health service data showing at least 109 people died in Paris on Friday from suspected heat-related causes
🌡️ The toll excludes deaths in hospitals and nursing homes,… pic.twitter.com/Pvy3nYmLZx
— Anadolu English (@anadoluagency) June 27, 2026