ТЕТОВЕЦ ИЗМАМЕН ЗА 3.400 ЕВРА ОД ЛАЖНА ПРОФЕСОРКА Му барала заем за итно лекување на ќерката

Верувајќи во нејзината приказна, тетовецот ѝ дал вкупно 3.400 евра. Подоцна дознал дека бил измамен, по што случајот го пријавил во полиција.

390

Жител на Тетово пријавил дека изгубил 3.400 евра откако поверувал на жена која лажно се претставувала како универзитетска професорка и барала пари за лекување на својата ќерка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 67-годишниот тетовец вчера го пријавил случајот во СВР Тетово.






Во пријавата навел дека во изминатите три месеци во неколку наврати ѝ позајмувал пари на жена од полошкото село Неготино, која се претставувала како универзитетска професорка. Таа му кажувала дека нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција и дека итно ѝ се потребни средства за лекување.

Верувајќи во нејзината приказна, тетовецот ѝ дал вкупно 3.400 евра. Подоцна дознал дека бил измамен, по што случајот го пријавил во полиција.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини