ГОРИ ЖИТНО ПОЛЕ ВО ОПАЈЕ И НИСКА ШУМА ВО ТРУБАРЕВО Изгаснат е пожар во Велес

Изгаснатиот пожар бил на улицата Димко Најдов опожарена била ниска вегетација.

57

Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.






Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата Димко Најдов опожарена била ниска вегетација.

Поврзани содржини