589 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ВЕНЕЦУЕЛА Речиси 3.000 повредени по двата катастрофални потреси
Спасувачките екипи од повеќе земји пристигнуваат во Венецуела, додека армијата и натаму трага по преживеани во најтешко погодената држава Ла Гваира.
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 589 лица, додека 2.980 луѓе се повредени, соопшти денеска вршителката на должноста претседател Делси Родригез.
Родригез, опкружена со владини претставници и припадници на армијата, го поздрави пристигнувањето на меѓународните спасувачки тимови кои веќе се вклучуваат во потрагата по преживеани.
– Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача – изјави Родригез.
Според неа, најтешко погодена е венецуелската држава Ла Гваира, каде што последиците од двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се најголеми.
Таа посочи дека ситуацијата во регионот е ставена под контрола на армијата, додека спасувачките екипи продолжуваат со интензивна потрага по преживеани под урнатините и паралелно дистрибуираат храна, вода и друга неопходна помош за погоденото население.
Надлежните предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да расте, бидејќи спасувачките операции продолжуваат во повеќе тешко погодени подрачја.