СРБИН ЛЕТАЛ СО 221 КМ/Ч НИЗ МАКЕДОНИЈА Возачот е приведен, а возилото одземено

Полициските службеници кај Милетково констатирале двојно надминување на дозволената брзина – возилото било одземено, а возачот задржан во станица.

0

Полицијата вчера околу 20:00 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, кај Милетково, го приведоа српскиот државјанин М.С. (60), откако со радар било утврдено дека управувал возило со екстремно надминување на дозволената брзина.

Според информациите од полицијата, тој управувал патничко возило „БМВ“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на делница каде што дозволената брзина е 120 километри на час.






Возилото било привремено одземено, а возачот бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини