СКОПЈАНКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУС Паднала за време на возење низ Пржино
Несреќата се случила вчера попладне, а повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Шеесет и осумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус додека се превезувала низ населбата Пржино.
Несреќата се случила вчера попладне, а повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Полицијата изврши увид и ги утврдува околностите под кои дошло до инцидентот.