ДО 10.000 ЕВРА ЗА ОТВОРАЊЕ СОПСТВЕН БИЗНИС Повиците за мерката „самовработување“ се активни до 3 јули

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, на информативниот ден во Куманово рече дека  505 од мерките во Оперативниот план  се директно наменети за младите лица.

34

Јавните повици за мерката „самовработување“ од Оперативниот план за вработување за 2026 година се активни до 3 јули 2026 година, информираа од министерството за економија и труд по денешните информативен каравани во  Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

Преку оваа мерка невработените можат да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис.






Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, на информативниот ден во Куманово рече дека  505 од мерките во Оперативниот план  се директно наменети за младите лица.

-Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување – рече Ристески.

Покрај мерките за самовработување, каде што во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки.

-Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практикантство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат- рече Ристески.

Поврзани содржини