ФРАНЦИЈА ОТКРИ КОЈ ГИ НАПАДНА ФРИЖИДЕРИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ Распишана е потерница против лидерот на Шахид Каве, офанзивна кибер-единица на Иран
Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека побарала меѓународни потерници против лидерот на Шахид Кавех, офанзивна кибер единица поврзана со Револуционерната гарда, и неговите двајца заменици.
Франција го обвини Иран за кибер-нападите на фрижидерите во супермаркетите. Амбасадорот на Иран во оваа земја утрово е повикан на разговори по кибер нападите врз фрижидерите во супермаркетите, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
„Тој беше примен од главниот секретар“, објави министерството.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро вчера ја обвини Иранската револуционерна гарда дека стои зад неодамнешниот кибер напад врз француските фрижидери во супермаркетите, велејќи дека тоа ќе има последици за земјата.
Париското обвинителство и националната агенција за кибер-безбедност (ANSSI) утврдија дека нападот е дело на „Шахид Каве“ (Shahid Kaveh), офанзивна кибер-единица поврзана со Центарот за електронски и кибер-операции на иранската Револуционерна гарда. Истражителите успеале да го поврзат Иран со нападот преку следниве докази: Користење на IP адреси кои водат директно до уреди лоцирани во Иран, пронајдени траги и метаподатоци на персиски јазик (фарси) во дигиталната инфраструктура на нападот и препознатлив код и методологија кои совршено одговараат на претходни дигитални напади извршени од истата група.
Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека побарала меѓународни потерници против лидерот на Шахид Каве, офанзивна кибер-единица поврзана со Револуционерната гарда, и неговите двајца заменици.
Хакерите ја презедоа контролата врз фрижидерите во стотици супермаркети во Франција кон средината на октомври, зголемувајќи ја температурата на 50 степени Целзиусови, предизвикувајќи пожари и расипување на храна, соопшти француската полиција.
Слични инциденти се случија на почетокот на ноември во десетици продавници во Белгија и Луксембург, како и во Шведска и Естонија.