ПОЗНАТО КОЛКУ ЌЕ ЗАРАБОТУВААТ РИБАРИТЕ ОД ЗАЈАЧКАТА РИБА Грција ја засилува битката против опасниот морски натрапник

Отровниот морски натрапник сега носи заработка од 5,33 евра по килограм. Атина преку финансиски поттик сака да ја намали неговата бројност во грчките води.

1,198

Грција ќе исплаќа по 5,33 евра за секој килограм уловена риба Lagocephalus sceleratus, позната како зајачка риба, соопшти тамошниот министер за земјоделство и храна.

Според министерот Маргаритис Схинас, исплатата од 5,33 евра е чист надомест за рибарите. Дополнителните трошоци за ладење, транспорт и уништување на уловените риби ќе ги покриваат локалните власти.






Мерката е воведена по примерот на Кипар, каде што рибарите веќе добиваат 4,73 евра за килограм уловена зајачка риба.

Зајачката риба со години создава проблеми во Егејското Море и во водите околу Крит.

Експертите предупредуваат дека со затоплувањето на морето рибата сè побрзо се шири, а дополнителен проблем е што речиси нема природни непријатели во Медитеранот, па е закана за морскиот биодиверзитет.

Најголем удар трпат рибарите. Поради исклучително силните заби, зајачката риба ги оштетува мрежите, јадиците и другата рибарска опрема.

Написите за зголемено присуство на оваа риба летово ги кренаа алармите кај јужниот сосед.

Пилот-програмата за улов првично ќе се спроведува во јужниот дел на Егејското Море и околу Крит, каде што проблемот е најизразен. Опасниот вид првпат бил регистриран во грчките води во 2005 година кај Родос и Крит. Во Медитеранот пристигнал преку Суецкиот Канал од Црвеното Море.

Поврзани содржини