МЕРЦ БАРА ИСТОРИСКА ПОДДРШКА ОД БУДЕСТАГОТ Пензиската реформа треба да ја обезбеди иднината на Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека предложените промени можат трајно да го стабилизираат пензискиот систем и најави дополнителни мерки за подобрување на пазарот на трудот и економската конкурентност.

207

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика пратениците во Бундестагот да ја поддржат планираната пензиска реформа на неговата влада, оценувајќи дека со неа може да се обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем во Германија.

Обраќајќи се во германскиот парламент еден ден по добивањето на предлозите од владината комисија за реформа на пензиското осигурување, Мерц порача дека станува збор за важен чекор кој може да донесе суштински промени.






– Ова е голем чекор, ако можеме да се согласиме и да го усвоиме заедно тука во Бундестагот до крајот на годината – изјави Мерц.

Пред денешната сесија со прашања и одговори во Бундестагот, германскиот канцелар упати директен апел до пратениците да се вклучат во разговорите и да придонесат кон постигнување поширок политички консензус.

– Заедничкиот успех и трајната стабилизација на пензискиот систем во Германија се остварливи – нагласи Мерц.

Тој изрази уверување дека планираните мерки ќе дадат резултати и најави дополнителни иницијативи насочени кон зајакнување на германскиот пазар на труд и економската конкурентност.

– Ќе дадеме многу конкретни понатамошни предлози за тоа како да се подобри пазарот на трудот во Германија и како да се подобри конкурентноста на нашата економија – рече германскиот канцелар.

Според него, доколку коалициската влада успее да ги реализира реформите во текот на оваа година, Германија ќе донесе суштински одлуки за идниот економски развој, вработувањето и сигурноста на пензискиот систем.

– Тогаш ќе донесеме навистина фундаментална нова одлука за просперитет, за пазарот на трудот и за обезбедување пензии во Германија – порача Мерц.

Поврзани содржини