НЕ БИЛ УАПСЕН ПОРАДИ ЗНАМЕТО, ТУКУ ЗАТОА ШТО ИЗВИКУВАЛ „УБИЈЦИ“ Тошковски откри детал за апсењето на член на Левица

Не е точно дека претседателот на младината на Левица е уапсен заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот ,,убијци“, изјави министерот за внатрешни работи велејќи дека овој факт досега не бил изнесен во јавноста.

444

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста.

– Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот ,,убијци” – рече Тошковски и додаде:






– Вашиот претседател на младина им се обратил со зборовите убијци, на фудбалски натпревар. И сега што треба направи полицијата? Фризурата да му ја направи? Или требало да го отстрани од стадионот на којшто присуствувал и се однесувал така како што се однесувал.

Поврзани содржини