🎥 ЃОРЃИЕВСКИ НА ЕКСПО ВО ИЗРАЕЛ, ПОСВЕТЕН НА ПАМЕТНИТЕ ГРАДОВИ Скопје мора да учи од најдобрите практики

Скопје мора да се отвора кон современи решенија и да гради град кој ќе биде функционален, уреден и подготвен за предизвиците на иднината, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

235

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на Муни експо во Тел Авив, Израел.

„На покана на Државата Израел и амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиен Ајзен, заедно со колегата Иван Јорданов бев дел од MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи. На едно место, претставници на градови од светот, општини, институции и компании разменуваат искуства за тоа како локалната власт може да биде побрза, поефикасна и поблиску до граѓаните“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.






Особено значајно е да се видат израелските искуства во управувањето со податоци, дигиталните услуги, комуналните решенија и координацијата во кризни ситуации, додаде тој.

„Скопје мора да учи од најдобрите практики, да се отвора кон современи решенија и да гради град кој ќе биде функционален, уреден и подготвен за предизвиците на иднината. Изразувам искрена благодарност за поканата и можноста да бидам дел од овој значаен настан, кој отвора простор за размена на искуства, нови идеи и конкретни решенија за подобро функционирање на градовите“, објави скопскиот градонаалник.

 

Поврзани содржини