ГО ВЛЕЧЕЛ СО ВОЗИЛО НЕКОЛКУ МЕТРИ И ИЗБЕГАЛ Моторџијата паднал, возачот на „пежото“ удирал во моторот

150

Скопјанец удрил во мотоциклист, а откако тој паднал од моторот удирал во неговиот мотор неколку пати, соопшти полицијата.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Рилски конгрес во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од Скопско.






Од ударот тој паднал, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на „пежото“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, Г.Н. се фатил за предната врата на „пежото“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот.

Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување на лекарска помош.

Поврзани содржини