ПРЕДЛОГ ЗАБРАНА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ Во половина од несреќите учествувале 16 и 17-годишници

Анализите покажуваат дека во периодот од 2024 година до мај 2026 година, на патиштата низ државата во пријавени сообраќајни незгоди учествувале 2.352 возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупниот број настрадани возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, 46 загинале, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1.347 со полесни телесни повреди.

474

„Ние сме свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока. Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст“.

Вака истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за предложените законски измени со кои се предвидува минималната старосна граница за управување ваков вид возило да биде 18 години, а максимлната брзина 20 километри на час согласно препораките на Европската Унија.






Тој истакна дека регулацијата на овие лесни електрични возила сè уште е фрагментирана во земјава, анализите покажуваат дека во периодот од 2024 година до мај 2026 година, на патиштата низ државата во пријавени сообраќајни незгоди учествувале 2.352 возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли. Од вкупниот број настрадани возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, 46 загинале, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1.347 со полесни телесни повреди.

– Токму затоа, ние го предлагаме ова решение, но оставаме простор за идни измени во согласност со анализите кои што ќе произлезат од ефектите од овој закон. Истовремено, се заострува казнената политика за сторители на  прекршоци, предвидени со законот при што во конкретни случаи, покрај изречената глоба, се предвидува и привремено одземање на возилото, за возење на малолетен возач, пречекорување на дозволената брзина, превезување на друго лице или возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена.

Предлог измените на Законот за безбедност во сообраќајот кој пратениците ќе го носат по скратена постапка откако се стави на дневен ред на собраниската седница.

Поврзани содржини