ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ НА КУРАСАО НА МУНДИЈАЛОТ Сексот со партнерките пред меч е клучен?

Наместо строга изолација, играчите на Курасао престојуваат заедно со своите сопруги и девојки. Политиката ја поддржува Сузан Хурман, единствената жена која раководи со медицински штаб на репрезентација на Светското првенство.

213

Курасао е едно од најголемите изненадувања на Светското првенство. По тешкиот пораз од Германија со 7-1, најмалата земја што некогаш се пласирала на Мундијал освои историски бод против Еквадор и остана во игра за сензација.

Зад приказната стои необична одлука што ги изненади и искусните фудбалски работници.






Нема карантин, има семејство

Наместо строга изолација, играчите на Курасао престојуваат заедно со своите сопруги и девојки. Политиката ја поддржува Сузан Хурман, единствената жена која раководи со медицински штаб на репрезентација на Светското првенство.

Според неа, присуството на најблиските им помага на фудбалерите полесно да се справат со притисокот и со носталгијата.

– Присуството на семејството носи мир и емоционална стабилност. За многу од нашите играчи ова е исклучително важно – објасни Хурман.

Единствена меѓу 48 репрезентации

Докторката родена во Сао Паоло работела со Реал Мадрид, ПСВ Ајндховен, младинските селекции на Холандија и олимпискиот тим на земјата.

На овој Мундијал таа е единствената жена на позицијата шеф на медицински штаб. Останатите 47 колеги се мажи.

– Во текот на кариерата често бев единствената жена во просторијата. Се надевам дека тоа ќе се промени – вели Хурман.

Од историски бод до историски успех?

Курасао веќе го постигна првиот гол и го освои првиот бод во историјата на Светските првенства.

Во последното коло го чека дуел со Брегот на Слоновата Коска, а евентуална победа би била една од најголемите сензации на турнирот.

Поврзани содржини