БРУТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ ДОСТИГНА 12,9 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Нова емисија на еврообврзници го зголеми долгот на државата за 498 милиони евра

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 8,14 милијарди евра или 44,3% од проектираниот БДП и забележаа квартално зголемување за 523 милиони евра што во проценти изнесува раст од  6,9%.

277

Бруто надворешниот долг во првиот квартал  изнесува 12,94 милијарди евра  што претставува  70,5% од проектираниот БДП и бележи квартално зголемување од 742 милиона евра или за 6,1%, соопшти Народна банка.

Доколку се изземе влијанието на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка врз долгот, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 743 милиони евра.






Оваа квартална промена е резултат на зголемениот јавен долг кој порасна за 463 милиони евра  и приватниот долг кој порасна за 280 милиони евра.

– Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг е резултат главно на растот на долгот на секторот „држава“ за 498 милиони евра, поради издавањето нова емисија на еврообврзници и на длгот на централната банка за 3 милиони евра, при намален долг на јавните банки и јавните претпријатија за 38 милиони евра. Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти за 177 милиони евра, на приватните банки за 76 милиони евра и на небанкарскиот приватен сектор за 27 милиони евра – појаснуваат од Народна банка.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 8,14 милијарди евра или 44,3% од проектираниот БДП и забележаа квартално зголемување за 523 милиони евра што во проценти изнесува раст од  6,9%.

Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватните побараувања кои изнесуваат 265 милиони евра и на јавни побарувања од 257 милиони евра.

-Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти за 194 милиони евра, на небанкарскиот приватен сектор за 44 милиони евра и на приватните банки за 27 милиони евра – појаснуваат од НБ.

Поради поголемото зголемување на обврските во однос на побарувањата, нето надворешниот долг се зголемил за 218 милиони евра и на крајот на март изнесува 4,80 милијарди евра или 26,2% од проектираниот БДП.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68%.

Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1% од проектираниот БДП за 2026 година.

-Кварталното зголемување на негативната МИП, нето, произлегува од поголемото зголемување на обврските за 923 милиони евра, во однос на зголемувањето на средствата за 664 милиони евра. Гледано по инструменти, кварталниот раст на негативната МИП, нето, произлегува од зголемените нето-обврски врз основа на должничките инструменти за 218 милиони евра, при истовремен раст и на нето-обврските врз основа на сопственичките инструменти за 40 милиони евра – велат од НБ.

 

Поврзани содржини