📽️ НОВ ПОЖАР И ЕВАКУАЦИЈА КАЈ ДЕПОНИЈАТА ВО МОСТАР Властите истражуваат можна саботажа

Властите стравуваат дека огнот можеби е подметнат. Густ чад се шири над делови од градот. Според досегашните информации, најголема штета е предизвикана врз инфраструктурата на депонијата. Целосно изгорела салата за рециклирање со целата опрема што се наоѓала во неа. Неофицијалните проценки говорат за штета од повеќе милиони евра.

85

Жителите кои живеат во близина на депонијата Уборак кај Мостар добија наредба за евакуација откако утрово избувна нов пожар што ги загрозува околните населби. Се работи за нов пожар по првиот инцидент во понеделникот. Оттогаш во градот е прогласена вонредна состојба.

Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, соопшти дека евакуираните граѓани ќе бидат сместени во прифатниот центар во Салаковац.






Се истражува можно подметнување 

Кордиќ изјави дека постојат сомневања оти пожарот е подметнат, поради што во истрагата се вклучени полицијата и обвинителството.

– Ситуацијата е тешка, а последиците ги трпат граѓаните – посочи градоначалникот.

Пожарот првпат избувна во понеделник, по што брзо се прошири кон магацини, објекти и опрема за рециклирање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mostar Forever (@mostar.forever)

Изгоре салата за рециклирање

Според досегашните информации, најголема штета е предизвикана врз инфраструктурата на депонијата. Целосно изгорела салата за рециклирање со целата опрема што се наоѓала во неа.

Неофицијалните проценки говорат за штета од повеќе милиони евра.

Снимките од местото покажуваат густ црн чад кој се издига над овој дел од Мостар, додека пожарникарите и натаму се обидуваат да го стават огнот под контрола.

Дополнителен проблем претставува загадувањето на воздухот. Експертите предупредуваат дека долготрајната изложеност на чад може сериозно да ги загрози чувствителните категории граѓани, особено децата, постарите лица и хронично болните.

🎥 АПОКАЛИПСА ВО МОСТАР Се запали градската депонија, на жителите им е препорачано да не излегуваат

 

 

 

Поврзани содржини