ФИЛИПЧЕ КАПИТУЛИРА ПРЕД БУГАРСКИТЕ БАРАЊА Не бара гаранции, нуди попуштање, сервилност и прифаќање туѓи диктати

Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

337

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДСМ не се однесува државнички. СДСМ и Филипче капитулираат пред бугарските барања“, соопти ВМРО-ДПМНЕ.






Тоа е истата стара матрици на однесување на СДСМ, се додава во соопштението.

„Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси, додава партијата.

„Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини