ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ЕВРОПСКАТА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА Кои земји се најизложени?

Грција е на прво место во светот, со зголемување од 38,62% на побарувачката за електрична енергија во периоди на екстремна топлина. Ова претставува дополнителни 143,08 kWh по жител месечно.

42

Европската електрична мрежа е под сериозен притисок бидејќи континентот се соочува со третиот топлотен бран оваа година. Посебно зголемени потреби од струја  во вакви периоди има кај медитеранските земји каде што температурите се искачуваат и над 40 степени, пишува Euronews.

Метеоролозите предупредуваат дека температурите може да достигнат жешки 43°C во Медитеранот оваа недела, додека Западна Европа се подготвува за потенцијално рекордно високи температури.






Искуството од последните години покажува дека за време на топлотните бранови, Европа редовно бележи зголемување на потрошувачката на електрична енергија поради зголемената потреба за ладење на просторот.

Во текот на јуни и јули минатата година, Европа беше погодена од топлотен бран со температури до 40 °C, што ја зголеми дневната побарувачка за електрична енергија за дури 14%. Во исто време, беа регистрирани и прекини на термоелектраните, што доведе до двојно или тројно зголемување на просечните дневни цени на електричната енергија.

За време на топлотниот бран лани, Франција забележа вечерен врв на потрошувачката на електрична енергија дури 25% над сезонскиот просек поради потребата за ладење, иако поседувањето клима уреди во таа земја е релативно ниско.

Порталот за споредба на цени „Compare the Market“ кој анализираше 85 земји кои сочинуваат околу 90% од светската потрошувачка на електрична енергија за да утврди како се менува побарувачката во текот на месеците со екстремни температури.

Потрошувачката во текот на десетте проценти од најжешките месеци во секоја земја беше споредена со потрошувачката во текот на месеците со нормални температури.

Анкетата покажа дека Грција е на прво место во светот, со зголемување од 38,62% на побарувачката за електрична енергија во периоди на екстремна топлина. Ова претставува дополнителни 143,08 kWh по жител месечно.

На второ место е Црна Гора со раст од 22,49%, по што следат Турција (21,91%), Хрватска (17,76%), Италија (14,22%) и Шпанија (8,86%).

Кога вкупната побарувачка за електрична енергија го надминува расположливиот производствен капацитет или техничките ограничувања на мрежата, може да се појават пад на фреквенцијата на системот и прекини на електричната енергија.

Според податоците на овој портал за последните 5 години просечното времетраење на прекините во снабдувањето со електрична енергија и проценетите трошоци за домаќинствата  Унгарија бележи најдолго просечно времетраење на прекини во снабдувањето – 2,92 часа годишно. Следува Словенија со 2,16 часа и Грција со 1,63 часа.

„Иако Италија бележи пократко просечно времетраење на прекини во снабдувањето со електрична енергија од Грција, поради големиот број домаќинства, таа има највисок проценет годишен трошок меѓу анализираните европски земји“, се наведува во студијата.

Се проценува дека прекините во снабдувањето со електрична енергија ги чинат италијанските домаќинства околу 154,7 милиони евра годишно, додека трошоците во Полска се околу 152,1 милиони евра.

Овие проценки се базираат на стандардната методологија на енергетските економисти за пресметување на трошоците за прекини во снабдувањето со електрична енергија, вклучувајќи расипување на храна, губење на греење или ладење, прекин на интернет услугата и други непријатности, а не на локалните цени на електричната енергија.

Сепак, според енергетскиот тинк-тенк Ембер, излез од состојбата се гледа во  рекордното производство на сончева енергија во Европската Унија кое помогна во одржувањето на стабилноста на системот и покрај зголемената побарувачка.

„За време на врвот на топлотниот бран, соларните електрани во Германија испорачаа до 50 GW електрична енергија, покривајќи помеѓу 33 и 39 проценти од вкупната потрошувачка на Германија“, вели Ембер.

Германија има 14 GW батериски системи за складирање на енергија и 10 GW реверзибилни хидроелектрани, што овозможи складирање на дел од сончевата енергија за употреба по зајдисонце.

Поврзани содржини