ГОРИ КАЈ САРАЈ И ВО РАДОВИШ Два пожари сè уште се активни, осум се изгаснати

Центарот за управување со кризи информира дека од вкупно 10 пожари на отворен простор регистрирани денеска, два сè уште се активни во општините Сарај и во Радовиш, додека осум се целосно изгаснати.

102

Два пожари и натаму се активни од вкупно 10 што денеска избувнале на отворен простор низ државата, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според последните информации, активен е пожарот меѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај, каде што гори ниска вегетација и мешана шума. Вториот активен пожар е во близина на селото Калаузлија во општина Радовиш.






Од ЦУК информираат дека останатите осум пожари се изгаснати, а надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и преземаат мерки за локализирање на активните жаришта.

Поврзани содржини